ПАНЕЛ ДИКСУСИЈА ЗА СОСТОЈБАТА ВО МЕДИУМИТЕ ВО РАМКИ НА „ДРИМОН“
Countries Gray Latest Macedonia
0 567
Autor: Fairpress
Граѓаните треба да изградат подобри вештини, за да ги следет медиумите критички, односно да ѝ се отстапи поголем простор на медиумската писменост како алатка против изманипулираната информација

Живееме во нерегулирано општество, каде медиумите им служат на економските и/ли на политичките центри на моќ. Затоа, неминовно е да правиме разлика помеѓу политичкиот, партискиот и јавниот интерес. Тогаш кога последниов, ќе стане прв, и ќе предничи над другите, тогаш ќе зборуваме за помалку клиентелистички медиуми.
Ова беа само дел од заклучоците од панел дискусијата „На ти го – дај ми го“, која вчеравечер се одржа на Летната сцена во рамките на 5-тото издание на „ДримОн“ фестивалот во Струга.
Настанот, кој следеше по промоцијата на 26. број на „Лице в лице“ и отворањето на изложбата „Бегалци во сопствената земја“, пред присутната публика ги постави на сцена прашањата за непрофитните медиуми, медиумската писменост, (не)довербата во медиумите, граѓанското новинарство, клиентелистичките релации…
Одговори понудија Емилија Петреска Камењарова, медиумска аналитичарка и Ѕвездан Георгиевски, новинар и колумнист, а свои дилеми и видувања споделија и граѓаните, кои отворено ја изразија својата недоверба во медиумите.
Со ваквиот став согласен е и Георгиевски.
– Точно е луѓето немаат доверба во медумите, и јас се согласувам. Дури и јас немам премногу доверба во работата на моите колеги, па често проверувам кој е изворот.  За жал, новинарите на ја следат агендата на јавноста, јавниот интерес, туку центрите на моќ. Затоа, има група новинари кои се сериозно богати луѓе, и група новинари кои едвај преживуваат. Кај нас тие не креираат јавност, туку купувачи, на производи или на политички идеи. Но, исто така, кај нас, сопствениците на медиуми не работат во медиумскиот бизнис, не го познаваат, туку медиумот им служи само за остварување на некои други цели, најмалку јавни- вели Георгиевски, и додава дека „секогаш е импресиониран од тоа што има повеќе невладини организации кои ги мониторираат медиумите, отколку што има медиуми“.
Според Петреска Камењарова ваквата ситуација, пак, налага граѓаните да изградат подобри вештини критички да ги следат медиуимите, односно да ѝ се отстапи поголем простор на медиумската писменост како алатка против изманипулираната информација- Мора да го поттикнуваме критичкото мислење. Истражувањата покажуваат дека различни телевизии различно

известуваат за исти настани, и дека кога граѓаните ќе го забележат тоа – проверуваат многу повеќе медиуми,  и онлајн, печатени… за да креираат слика за тоа што навистина се случило. Токму заради таа недоверба кон медиумите кои различно ги толкуваат приказните, граѓаните одлучуваат сами да стигнат до срцевината на веста, вели Петреска Камењарова.
Петреска Камењарова додава дека треба да вршиме притисок, како свесни и совесни граѓани, за да се намали степенот на клиентелизам, затоа што целосно искоренување речиси не постои.
И Георгиевски потенцира дека работите околу клиентелизмот се прилично комлицирани. Тој објаснува дека печатените медуми – весниците се продаваат под својата производна цена, а кога нема да се продадат, му се враќа на произведувачот, без никакви обврски, „што не е случај ниту во пиљара“.
-Тие пари треба да се надоместат, тоа некој треба да го плати, и тоа е реклама. Ама кога маркетингот ќе ги плати тие пари, тој и ве уредува, а кај нас е уште покомплицрано – целиот бизнис зависи од државата. И ако сте критични кон власта, прво ги губите владините, а потоа и сите други реклами, оти во нерегулирано општество, никој не сака се замери со државата. И вие мора да бидете или клиенти, или да не постоите. Решението лежи само во добра политичка волја, нормално уредена држава, инаку сите реклами одат во најлошите медиуми. Во секое нормално општество ако една реклама оди на лоша телевизија, тогаш тоа е лош пи-ар. Значи, кога државата нема да биде самоволна, медиумите ќе си ги најдат своите партнери – образложи Георгиевски.
Александра Илоска, истражувачка во Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, се надоврза со свое видување на темата, отворајќи го прашањето за граѓанското новинарство и непрофитните медиуми.
– Непрофитните медиуми може да играат клучна улога во ситуација каде преовладуваат личните интереси, наместо да служат на јавниот интерес. Таму најчесто креатори на вести се самите граѓани. И кај овие медиуми профитот се реинвестира, и со тоа се служи на јавниот интерес- вели таа.
Панел дискусијата за клиентелизам, чиј модератор беше Небојша Илијевски, беше придружена со изложбата „Artvertizing for fair press“, на ИНКА, (Иницијатива за независен културен активизам), во соработка со „Паблик“, и истата понуди визуелни решенија на тема: клиентелизмот во медиумите. Настанот беше во рамките на проектот „Медиумски круг“, кој е поддржан од Европската унија.

Comments

comments

Similar Articles
WordPress Image Lightbox Plugin