Македонија – голем пад во слободата на медиумите од 2008 година – преовладувачки економските интереси и растечка политизација на медиумската сцена
Editors Choice Gray Latest Macedonia
0 1920
Autor: Fairpress
Македонија има голем број електронски и печатени медиуми во споредба со големината на населението. Според последниот објавен регистар на електронски медиуми на Агенцијата за аудио и аудиозизуелни медиумски услуги (03/11/2014 година), во земјава има вкупно 64 телевизиски и 79 радио станици кои се официјално регистрирани.

Не постои официјален регистар за печатени и онлајн медиуми, и покрај обидот на Министерството за информатичко општество и администрација да воведе законски обврски за нивна регистрација при изготвувањето на Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Македонија е една од многуте земји во кои граѓаните се борат за демократија, против мерките за контрола на медиумите и лимитирање на слободата на изразување и за слободен пристап до информации. Во последните четири години, земјата има постигнато минимален напредок кон остварувањето на минималните критериуми на Европска Унија во однос на зацврстување на владеењето на правото и почитувањето на човековите права и сé уште не ги нема постигнато минималните критериуми потребни за добивање статус на земја член на Европската Унија.

Според Индексот за владеење на правото, 67 проценти од испитаниците во Македонија сметаат дека медиумите не можат слободно да го изразуваат своето мислење во однос на владините политики и активности, без страв од одмазда, а само 33 проценти се согласиле дека медиумите можат слободно да го изразуваат своето мислење. Заклучоците од измерениот индекс на владеење на правото, се потврдени и со испитувањето на јавното мислење спроведено од Интернационалниот Републикански Институт, според кој медиумите имаат најголема слобода да пишуваат за економската состојба во Македонија (46 проценти), додека 37 проценти изјавиле дека медиумите имаат најмала слобода да ја пишуваат вистината за корпуцијата.  Во последниот извештај на ЕУ за напредокот на земјата, Европската комисија упати директна критика за недостатокот на слобода на изразување во Македонија. „Казните за навреда и клевета што ги тагетираат индивидуалните новинари кои се соочуваат со политички притисоци и закани, се сериозен проблем“.  Според последниот Индекс за слобода на медиумите во светот, Македонија се најде на ниското 123-то место, забележувајќи драматичен пад од 84 позиции во период од четири години, со што Македонија стана најлошо рангираната земја во Европа кога станува збор за слободата на медиумите.

Медиумите во Македонија, се предмет на сериозна интерференција и политички притисоци. И покрај тоа што слободниот печат е есенцијалниот елемент за едно отворено општество, високите и непропорционални казни за новинарите и медиумите, како и  притисоците на Власта употребувајќи бројни легални инструменти против критичките новинари и медиуми, се само некои индикатори кои укажуваат на фактот дека земјата е далеку од слобода на говор, кој би бил

прифатлив за европското општество.

Сопствениците на медиумите, водени од економските интереси, во најголем број од случаите се поврзани со политичките интереси и владеачката партија. Во последните неколку години, Владата константно беше критикувана за либералната употреба на промотивно рекламирање, кое води до финасиска зависност на медиумите, но истовремено и зголемена нивна поддршка. Постојат индикации кога станува збор за судското вознемирување на независните медиуми. Затварањето на Плус продукција во 2011 година резултираше со затварање на пет медиуми, првата приватна телевизија во Македонија (А1), сестринската компанија А2, заедно со трите дневни весници (Време, Коха е ре и Шпиц), поради постапка против сопственикот Велија Рамковски, за притајување данок и перење пари. Овие медиуми имаа вкупна гледаност и читаност од 40 проценти на медиумскиот пазар.

Клеветата беше декриминализирана на почетокот на 2012 година  и сите тековни судски процеси против новинарите за навреда и клевета беа суспендирани до крајот на февруари 2012. Според информациите од Основниот суд Скопје 1, во периодот од 1999 до 2012 година, имало вкупно 1.794 случаи за навреда и клевета, а помеѓу 2009 и 2012 се воделе 289 случаи против новинари и уредници на медиуми. Декриминализацијата на клеветата е исклучително важно остварување, но фактот дека казните за ваков прекршок се екстремно високи, особено ако се земе во предвид економскиот стандард и просечната македонска плата, наведуваат на заклучокот дека Законот за навреда и клевета е инструмент кој води до самоцензура.

Закон за медиуми и закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Министерството за информатичко општетество и администрација го спроведе процесот на креирање и усвојување на двата нови закона кои ја третираат медиумската сфера, без да ги земе во предвид забелешките на невладиниот сектор, на релевантни стејколдери и на сите засегнати страни, со што се појавија нови грижи и спорови во однос на слободата на медиумите.

Двата нови закона доведоа до промени во поставеноста и структурата на единствениот медиумски регулатор (Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги),  опсегот на нивните компетенции за супервизија и правото да ги одземат лиценците за емитување програма, без притоа да се осигура неговата независност.

Големиот број медиуми, малиот број вработени и ниските технички капацитети, заедно со пропорционално малиот пазар за рекламирање во земјата, создаваат лоша медиумска средина. Оваа ситуација, како крајна последица, ги става медиумите во позиција на економска зависност  и влијае на професионалното дејствување, ориентирано кон пазарот, во борбата со егзенстецијалните предизвици.

Comments

comments

Similar Articles
WordPress Image Lightbox Plugin