Правила на користење

Со користење на порталот Fairpress.eu, ги прифаќате сите правила поставени овде.

Со конинуирано користење на порталот Fairpress.eu или било кој од деловите на порталот, се подразбира дека корисниците се запознаeни со тековните Правила на користење, и дека корисникот во целост ги разбира истите.

Портал Portal Fairpress.eu

Порталот Fairpress.eu е развиен како дел од регионалниот проект „Медиумски круг – Одговор на граѓанското општество на корупцијата и клиентелизмот во медиумите“, финансиран од програмата IPA CSF на Европската унија. Носител на проектот е Партнерството за социјален развој од Загреб, а партнери од петте земји од Југоисточна Европа се следните: Експертски форум (Романија), „Веста“ (Босна и Херцеговина), Асоцијација на новинари во Црна Гора (Босна и Херцеговина), Институт за јавна политика (Црна Гора), Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ (Република Македонија), ЈУКОМ – Комитет на адвокати за чоевекови права (Србија) и Независни новинари на Војводина (Србија). Целта на проектот е да се воспостави независен, одржлив, повеќеслоен, меѓудржавен механизам за активен мониторинг на медиумските политики, застапување и брзо реагирање во земјите на Југоисточна Европа. Порталот за прв пат беше претставен на јавноста на 8 Јули, 2014 година. Покрај верзијата на хрватски јазик, Fairpress.eu има верзија на англиски јазик, како и на националните јазици на петте партнерски земји од Југоисточна Европа (Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора и Романија).

Fairpress.eu е уникатен и во моментов единствен портал во Хрватска, во околните земји и земјите членки на ЕУ кој исклучиво и систематски ги третира прашањата од областа на слободата на медиумите, плурализмот во медиумите, етика на медиумите, интегритет и транспарентност на издавачите. Целта и наменатата на Fairpress.eu е да го подобри активното и професионалното известување на медиумите за проблеми од јавен интерес. Со известување за медиумските настани, како што се сопственоста и финансиските односи помеѓу јавниот сектор и медиумите, како и влијанието на тие врски врз уредничките медиумски политики и објавената информација од медиумот, порталот го гарантира растојанието кое читателот мора да го има кон медиумската содржина, која може да биде категоризирана како скриено политичко рекламирање и рекламирање од интерес.

Истовремено, со употреба на аналитичко и прецизно следење на развојот на медиумските политики, на пример законска и регулативна рамка кои директно или индиректно влијаат на медиумските активности, Fairpress.eu на публиката ѝ обезбедува јавен надзор над обидите за нетранспарентно влијание на некои од издавачите, политичарите или финансиски магнати над медиумската сцена во Хрватска и пошироко.

Авторски права

Fairpress.eu ги задржува сите авторски права над сопствените содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали). Неовластеното користење на било кој дел од порталот се смета за кршење на авторските права на порталот Fairpress.eu и ќе биде предмет на тужба.

Доколку сметате дека Fairpress.eu ги повредил Вашите авторски права, случајот ќе биде веднаш разјаснет, а спорната содржината ќе биде отстранета веднаш штом се утврди вистинитоста на содржината на жалбата.

Правила за споделување текстови

Пренесувањето на информации од авторските текстови на порталот Fairpress.eu е дозволено само под услов да се наведе изворот, при што задолжително мора да се стави линк кој води до оригиналниот текст.

Линкови до надворешни текстови

Fairpress.eu содржи линкови до веб страници надвор од сопствениот портал. Fairpress.eu ги објавува со најдобра намера и не може да се смета одговорен за содржините надвор од порталот.

Заштита на приватност

Fairpress.eu ја почитува приватноста на корисниците и посетителите на порталот. Податоците од процесот на регистрација и останатите податоци за корисникот, Fairpress.eu нема да ги споделува со трети страни.

Во согласност со Законот, Fairpress.eu може да прибере одредени податоци за корисниците, добиени преку употреба на порталот (ова се однесува на информации за компјутерот и информации за Интернет провајдерот) или на информации внесени за време на процесот на регистрација. Тие податоци ќе бидат искористени од страна на Fairpress.eu, со цел да се изнајдат начини за подобрување на порталот, прилагодување и фокусирање на содржината кон корисниците. Овие информации го обезбедуваат потребното знаење за содржината која е најпопуларна за таргетираната публика. Овој начин на прибирање податоци, во поширока смисла, е широко прифатена практика на светските веб страници како MSN, Google итн.

Fairpress.eu се обврзува прибраните приватни податоци преку адреси од електронска пошта, имиња и презимиња, без дозвола од секој поединечен корсник, нема да ги продава или дистрибуира, освен демографските податоци за група корисници, но без споделување приватни податоци.

Fairpress.eu се обрзува дека ќе ја сочува приватноста на своите корисници, освен во случај на тешко кршење на правилата на порталот и незаконски активности на корисникот.

„Колачиња“(Cookies)

За да се овозможи целосна функционалност на порталот, мала количина податоци се зачувуваат на компјутерот, така наречените „Cookies“. „Колачето“ е информација која ќе биде зачувана на Вашиот компјутер од страна на веб сервисот што го посетувате. „Колачињата“ ги меморираат подесувањата на веб страната, како на прием, селектираниот јазик или адреса. Интернет пребарувачот ги испраќа назад „колачињата“ кои припаѓаат на страната, следниот пат кога истата е во употреба од страна на корисникот. Со селектирање на опцијата „се согласувам“ корисникот ја одобрува употребата на „колачињата“.

Модификација и промена на правила

Fairpress.eu го задржува правото да ги промени или модифицира правилата без предходна најава. Со употреба на содржините на порталот Fairpress.eu, се подразбира дека сте запознаени со последните правила.

STAY CONNECTED Facebook Twitter
LATEST POSTS
WordPress Image Lightbox Plugin